Јанушев: Заев пред камери со раката на срце, а зад камерите го навредува сопствениот народ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска се осврна на вчерашните „бомби“ во кои се слуша гласот на Зоран Заев и уште еден непознат соговорник. Јанушев вели дека пред камерите Заев се држи за срце, а зад нив го навредува и пцуе сопствениот народ.

-Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ.

Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија.

Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал.

Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе превземе драстични чекори“!

Воедно, Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“.

Бараме јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот-рече Јанушев.