Јавен повик за 200 професионални војници во септември – први шест нови оклопни транспортери за 30-тиот роденден на АРМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Платата на професионалните војници достигнува до 40.000 денари со додатоците, но очекуваат зголемување за 10% според изјавата на претседателот на Независниот синдикат на професионални војници. Па, оваа професија станува атрактивна за младите во поново време. За тоа сведочи интересот ако порано се пријавувале 50-тина на јавниот оглас, сега се пријавуваат и по 900 заинтересирани.

„До крајот на годината сме во фаза на донесување на нов закон за вработените во Министерството за одбрана со кој сакаме да ги приближиме до условите, правата и обврските кои ги имаат и припадниците на армијата. Во поглед на тоа дали сме задоволни од статусот на припадниците на армијата би одговорила нескромно да, но тоа не значи дека тука ќе застанеме“, вели Славјанка Петровска.

Под мотото „30 години безбедност, стабилност и доверба в среда ќе се одржи прослава во касарната „Илинден“. На воениот стадион од 18.30 часот граѓаните ќе можат да се запознаат со воената опрема и да се дружат со воените специјалци.

„Во среда на воениот стадион ќе бидат изложени  првите шест нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на подобрувањето на борбената готовност на армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана и нова ваква пратка од 27 возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот. Продолжуваме со набавка и на друго системи кои ни се потребни, набавка на специјални  возила, артилериски системи и муниција, противвоздушен одбранбен систем, а започнуваме и со обнова на воздухопловната компоненета“, порача Славјанка Петровска.

Петровска најавува нов колективен договор со што на повисоко ниво ќе се подигне статусот на припадниците на АРМ во општеството, бидејќи „тие се столб на државата“. Во септември ќе има јавен повик за 200 професионални војници и подофицери.