Јелена Јованова и Гораст Цветковски во улогите на Лефти и Рајти во анимираниот филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актерката Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”, направен според познатите сликовници со овие ликови. Анимираниот филм за деца за неа претставува возбуда, бидејќи и самата е мајка на
две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови, посочуваат продуцентите на филмот.

“Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации.”, изјави Јованова.

„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50% ќе ми се исполнат набрзо. “, додаде познатиот актер Гораст Цветковски, кој има широк спектар на ангажмани од театар, филм, видео игри, а сега и во анимиран детски филм.

Лефти и Рајти е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на зАнимација продукција, а во копродукција на „Minya Film i Animacija“ од Хрватска. Приказната и ликовите се според сликовниците Лефти и Рајти на Наташа Дукоска, која е и сценарист. Поддржан е од Агенција за филм, и од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).