JO: Поведена постапка за двајцата насилници од Штип

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.

Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица.

Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата.​