„ДДВ е регресивен данок, односно данок на сиромашните. ДДВ многу повеќе ги даночи сиромашните отколку богатите затоа што ДДВ е данок на потрошувачка, а сиромашните го трошат целиот свој доход, додека пак богатите кои што трошат околу 5 отсто од парите кои ги заработуваат“
Ова го порача Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.
Според него, покачувањето на ДДВ-то од 18 на 19,5 сигурно ќе удри по сиромашните и по средната класа, додека пак нема ни да ги чепне богатите.