Јовановиќ: Зголемувањето на минималната плата нема да го загрози бизнисот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Зголемувањето на минималната плата никако нема да го загрози бизнисот затоа што македонската економија е високо профитабилна економија“

Вака истакна Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Според него, ако се погледне макроекономски БДП од што се состои ќе се види дека станува збор за плати за работниците и профити на фирмите.

„Во Македонија тоа во моментот изнесува 50/50. Околу една половина од оние 15 милијарди БДП што ќе се генерира 2024 година се профити на фирмите, 50% се плати на работниците. Во Австрија 2/3 се плати на работниците, 1/3 се профити на фирмите. Ако го споредите овој параметар за сите европски земји, Македонија е меѓу 5-те највисоки европски земји според учеството на профитите на компаниите во вкупниот БДП“, цели Јовановиќ.