Жителите на Јужна Калифорнија кои претрпеа штети од пожарот во Итон сега се погодени од поплави и одрони од кал од невремето што ја зафати областа.
Во четвртокот вечерта, вода, камења и кал течеа по планината во градот Сиера Мадре, каде што најмалку еден автомобил беше заробен во калта, а неколку гаражи беа оштетени, пренесе АП.
Вчера булдожери ги расчистуваа улиците покриени со кал во градот со 10.000 жители.
