Јужна Кореја денеска одржа ракетни воени вежби како одговор на севернокорејските ракетни лансирања, соопшти јужнокорејската војска.
Во соопштението се наведува дека вежбите ги покажале способностите на системот за противвоздушна одбрана, вклучително и системите „Чеонгунг-II“ и „Патриот“ во западното крајбрежно подрачје на Јужна Кореја, објави Јонхап.
Војската посочува дека вежбите се одржани за да се покажат воени способности и силна решеност веднаш да се одговори на заканите од Северна Кореја.