Јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол денеска прогласи воена состојба со цел да се искорени „просевернокорејските сили“ и да се заштити уставниот поредок, а опозицијата во таа земја изрази противење на таа одлука, посочувајќи дека таа е неуставна.
Јеол рече дека „нема друг избор“ освен да прибегне кон таква мерка и посочи дека опозициските партии „ги зеле во заложништво парламентарните процеси“ за да ја вовлечат Јужна Кореја во криза.
„Прогласувам воена состојба за да ја заштитам слободната Република Кореја од заканите на севернокорејските комунистички сили, да ги искорени одвратните просевернокорејски антидржавни сили кои ја ограбуваат слободата и среќата на нашиот народ и да гo заштитам слободниот уставен поредок“, рече Јеол.