Јужна ѝ се закани на Северна Кореја: Ако му наштетите на нашиот народ, ќе го дочекате крајот на режимот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јужна Кореја денеска ја предупреди Северна Кореја дека ќе го види „крајот на нејзиниот режим“ доколку му наштети на нејзиниот народ, откако Северна Кореја се закани со „страшни катастрофи“ над наводниот прелет со беспилотни летала на нејзиниот јужен сосед над Пјонгјанг.

Јужнокорејското Министерство за одбрана ја објави изјавата откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ја упати заканата во коментарите на државните медиуми, само еден ден откако земјата тврдеше дека Јужна Кореја три пати испратила беспилотни летала над Пјонгјанг овој месец, објави Јонхап.

„Јасно предупредуваме дека ако Северна Кореја ја загрози безбедноста на нашиот народ, тој ден ќе биде крај на севернокорејскиот режим. Забелешките на Ким Јо-Јонг го одразуваат лицемерието на однесувањето на Северна Кореја, кое продолжува да провоцира, а неодамна прибегна на вулгарни и патетични тактики, како што е испраќање балони со ѓубре“, се вели во соопштението за печатот на јужнокорејското Министерство за одбрана.