Каде и да се свртиш – деца питачи – Змијанац: Ќе ги гледаме се додека државата не го реши проблемот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Но, и покрај ваквата изјава на министерката за труд и социјала, секојдневно сме сведоци на ваква слика низ градот…

Деца кои бараат милостина…

Вака ќе ги гледаме уште долго доколку државата не го реши проблемот со детската сиромаштија, вели претседателот на првата Детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац. Според него, државата со своите инструменти не е доволно активна во спроведувањето на мерки кои треба да се преземат за заштита на децата на улица.

Која е динамиката на работа на социјалните центри и дали тие интервенираат за згрижување и заштита на децата на улица? Од МТСП со одговор:

-Со цел намалување на појавата од питачење кај децата на улица и нивните родители, Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа, а во координација со Министерството за внатрешни работи, формираше тимови кои изготвија месечен план за спроведување на теренски посети за сузбивање на социопатолошката појава питачење, преземање на конкретни чекори за намалување на појавата од питачење. Преку превентивни и едукативни активности стручни тимови во состав на инспектори за малолетници при МВР и стручни лица од Центарот за социјални работи, Скопје, како и претставници од здруженија, вршат теренски активности на веќе мапирани критични локации, во насока на сузбивање на појавата „деца на улица”-велат од министерството за труд и социјална политика.

Инаку, според студија на Здружението „Градиме иднина“ – 4 илјади деца во земјава се под ведро небо, а од МТСП велат дека само во 2022 година се регистрирани 80 нови деца.