Каде одат парите на 110 годишната баба? – Лекарите утврдиле дека има право на туѓа нега, социјалниот центар и ги укинал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако има 110 години,Фекрије Локу од Тетово веќе 2 години не прима финансиска помош – Туѓа нега. Поради возраста, Фекрије заборава и  вели дека без помошта на синот не може да направи ништо.

„Имам 102 години, изгубена сум, не сум како порано и не можам да се родам по втор пат, имам многу години, не можам и плус Господ што рекол“, вели Фекрије Локу.

Фекрије 2 години по ред била примател на туѓа нега, но по две годин и стигнало решение од Центарот за труд и социјална работа дека и се укинува оваа право. Синот, Рахим Локу, вели дека барањето им било отфрлено со одлука кој им стигнала пред неколку дена.

„Не, веќе не прима помош, пред две години земавме, првите две години земаше, ги пополнив формуларите и ми стигна негативен одговор. Мајка ми има  110 години, таа е родена на  10.01. 1914. Јас ги замолувам да дојдат сами, вратата е отворена, да дојдат, да ја посетат, да ја прегледат и да видат дали навистина и следува или не. Мајка ми е оперирана во нозете, не слуша, не гледа, големи болки нема,но  таа не може да се грижи за себе, има и склероза“, вели Рахим Локу.

Од Центарот за труд и социјална политика Тетово велат дека тие носат одлука откако ќе добијат  позитивно мислење од комисијата составена од лекари.

„Решение за користење на надоместокот за помош и нега од друго лице го носи Центарот за социјална работа врз основа на доставено барање од страна на странката и ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ за потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење на стручни лекарски комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина,неврологија, психијатрија, физикална медицина, и рехабилитација, ортопедија или офтамологија“, вели Центар за труд и социјална работа Тетово.

Но ТВ21 успеа да ја обезбеди документациајата на Комисијата. Врз основа на овој документ, на 19 април 2023, лекарите констатирале дека до 2025 година Фекрије Локу има право на туѓа нега, а во текот на овие години нема потреба за некој дополнителен преглед. Со ова се подразбира дека лекарите дале зелено светло дека Фекрије Локу има право на тие средства, но таа и синот велат дека не примале никакви средства, се поставува прашањето каде  завршиле парите на 110 годишната баба која требало да ги добие во изминатава година.