Каде се народните избраници и што прават во време на пандемија? Ова беше тема на дебата во синоќешното издание на „Клик Плус“. Независната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, рече дека Собранието треба да се врати и за тоа да одлучат пратениците, а не лидерите, бидејќи како што рече, во тој случај не знае која е улогата на пратениците? Собранието е единствениот коректор на извршната власт, додаде таа.
Но, поинаку мисли нејзиниот колега, Никола Мицески. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека Собранието не треба да се врати повторно, и додава дека одлуката на Уставниот суд е конечна.
Александрова додава дека оваа техничка Влада нема легитимитет за одржување на предвремени избори без претходно закажан термин.
На 22 април пратениците на СДСМ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и ДПА поднесоа иницијатива за враќање на Собранието, но истата беше одбиена од собранискиот спикер, Талат Џафери, кој рече дека иницијативата е неуставна, бидејќи мандатот им е вратен на граѓаните. Иницијативата на партиите беше отфрлена и од Уставниот суд.
