Кадиевска-Војновиќ: Сите кажувања дека сме во грчко сценарио, се покажаа како неточни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Маја Кадиевска-Војновиќ, професор на Американ Колеџ и екс гувернерка на Народна Банка, зборуваше во економскиот магазин „21МИНУТА“ на ТВ21.

Кадиевска-Војновиќ рече дека сите тврдења дека сме биле во грчко сценарио, се покажале како неточни, и искажа четири предности на економијата во влегувањето во оваа здравствена криза предизвикана од коронавирусот: влегување со ниско ниво на јавен долг, стабилен курс на денарот во однос на еврото, банкарскиот систем бил со голема ликвидност и голем дел на договорите на вработените биле на неопределено време.

„Како економија, влеговме со ниско ниво на јавен долг. Влеговме со јавен долг од 50% од БДП, а државен долг 40% во државен долг. Сите кажувања дека сме во грчко сценарио, се покажаа дека не се точни, и ние имавме стабилна позиција кај јавниот долг, која креираше и услови да се задолжиме и во ваков шок.

Втората предноста е што имаме стабилен курс на денарот во однос на денарот. Заложбата на сите гувернери е одржување на стабилен девизен курс. Ќе имаме и стабилен и понатаму. Сме поминале и многу шокови. Сме издржале многу, и ќе издржиме и во оваа криза. Влеговме со високо ниво на девизни резерви, историски највисоко.

Третата предност е што банкарскиот систем влезе во оваа криза со голема ликвидност. Да кажам беше подготвен за ваков тип на шок.

Чеврта предност е што голем дел на договорите на вработените е на неопределено време. Статистиката покажува дека само 16% се на определено време. И она што е многу важно е тоа што приватниот сектор во Македонија е релативно помалку задолжен од она што е во Европа“, рече професорката Кадиевска-Војновиќ.