Пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека системот придонел за тоа екс директорот на УБК, Сашо Мијалков да е сега во притвор.
„Кога системот делуваше и го врати Сашо Мијалков во притвор, тогаш велевте дека не треба да има таков систем… Системот функционира и придонесе за господинот Сашо Мијалков да е во притвор, системот придонесе да се врати“, вели Каевски.
На ова, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски му порача дека истиот ден министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рекол дека системот не функционира.
„Истиот ден рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека не функционира“, додаде Петрушевски
