Ќафасан, заеднички граничен премин – проектот го финансира Америка со 100 илјади долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Пораст на ефикасноста за заедничка контрола на граничниот премин Ќафасан“.

Со овој проект владата на Америка им помага на царинските управи на РСМ и Албанија за заеднички граничен премин, кај Ќафасан, со цел да се намали времето за размена на стоки.

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, рече дека отворањето заеднички гранични премини,  е и важен чекор на патот кон ЕУ.

“Овој граничен премин е важен пример, бидејќи е на Коридорот 8, стратешки правец што го поврзува регионот, од Црното Море до пристаништето Драч, од земја-членка на ЕУ до аспиранти за членство во Унијата. Коридорот 8 е приоритет за Владата на Македонија, а треба да се гледа и како приоритет за регионот. Со градење и инвестирање во оваа важна инфраструктура и со зголемување на соработката на границата, Македонија и Албанија ќе имаат и дополнителни придобивки, покрај тоа што ќе го намалат времето на чекање на граничните премини”, истакна Кејт Мери Брнз.

Американската амбасадорка во Албанија, Јури  Ким рече дека помошта на САД го прави регионот побезбеден.

„Овде за да истакнам дека помошта на САД го прави Западен Балкан побезбеден, подемократски и попријателски за бизнисот. Не многу одамна границите беа како ѕидови, особено во овој регион, со претекс за националната безбедност, разделувајќи ги луѓето, спречувајќи ја трговијата и меѓусебната доверба. Денес стоиме на една граница која што не само што е безбедна туку се обидува да ги зближи луѓето и да ги води кон интеграцијата, мирот и благосостојбата. Денес Албанија и Северна Македонија се на пресвртница кон членство во ЕУ а САД ја поддржуваат оваа цел“, посочи Јури Ким.

За оваа соработка УСАИД издвои 100 илјади долари за опрема на царините  на Албанија и Северна Македонија.