Кај Лефкада откриен чамец со 30 мигранти – уапсени четворица криумчари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крајбрежната служба од грчкиот остров Лефкада во морскиот дел во близина на копното, открила чамец со околу 30 мигранти, меѓу кои и шест деца, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, биле уапсени и четири лица, со украинско потекло, кои веројатно се криумчари.

Мигрантите биле префрлени на копно, а со помош на локалните власти ќе се спроведат потребните процедури поради мерките за заштита од коронавирусот.