Како да го продолжите векот на батеријата на вашиот мобилен телефон?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Постојат неколку „кажувања“ дека телефоните може да експлодираат после цела ноќ оставање на полнач. Но, има ли вистина во тоа?

Паметните телефони користат литиум-јонски батерии, кои имаат две електроди. Едната е од графит, а другата од литиум-кобалт-оксид. Помеѓу нив се наоѓа електролит во течна состојба кој на литиумските јони дозволува патување меѓу електродите. Кога го полните телефонот, тие патуваат во спротивен правец.

Сите паметни телефони може да препознаат кога се во целост наполнети, и автоматски го прекинуваат полнењето.

Оставањето на полнач преку цела ноќ нема да нанесе штета на батеријата на телефонот, но таа постепено ќе се троши. Тоа е т.н. проблем „отровно полнење“ кој може да донесе пократок век на батеријата.

Кога батеријата на вашиот паметен телефон достигне 100% наполнетост, полнењето автоматски се исклучува. Кога батеријата ќе падне на 99%, батеријата повторно се полни до 100% и така одржува целосна наполнетост.

Резиме:

-секогаш користете оригинални полначи и кабли
-не дозволувајте прегревање на ударот. ако треба извадете ја маската преку ноќ
-не дозволувајте целосно трошење на батеријата
-ако не го исклучувате телефонот во текот на полнење, не користете апликации
-користете го брзото полнење само кога е потребно