Како да го сопрете крварењето од носот? Погрешно е ако ја ставате главата наназад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај тоа што крварењето од нос не создава причина за грижа, лекарите советуваат да побараме помош ако крварењето трае повеќе од 15 минути или е преобилно.

Многумина реагираат така што веднаш ја ставаат главата наназад за да спречат течење на крвта низ лицето. Но, лекарите предупредуваат дека тоа е погрешно и може да предизвика повеќе штета отколку корист.

„Ако крварите низ носот, немојте никогаш да ја ставате главата наназад. Така крвта ќе ви тече низ задниот дел на грлото, и тогаш ќе ја проголгате и може да се задушите. Наместо тоа нагнете го лицето напред и притиснете го носот“, вели лекарот Сам Гали.