Доколку сакате да направите вистинско тесто за пица, воздушесто и крцкаво, тогаш ова е рецептот за тоа. За успешно да се направи тесто за пица, важно е да се почитуваат количините на состојките, но и да се меша неколку пати. Вака подготвеното тесто можете да го чувате во фрижидер 72 часа, потребно е само да го извадите околу 40 минути пред да почнете да ја правите пицата, за да достигне собна температура.
Состојки:
300 гр брашно
2/3 лажичка сув квасец
215 ml вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 лажица масло
Подготовка:
Измешајте вода, шеќер и квасец, па покријте и оставете да се активира 10 минути. Потоа додадете просеано брашно и сол и замесете тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете да нарасне 30 минути.
По половина час замесете тесто така што ќе ги подигнете краевите и ќе ги ставите на средина. Покријте повторно и оставете го да отстои уште половина час. Потоа се премачкува со масло и се замесува тестото добро да го впие маслото. Покријте го тестото повторно и оставете го да отстои уште половина час.
Додека тестото мирува, вклучете ја рерната и оставете да се загрее. Во одреден момент ставете ја тавата во која ќе го печете тестото за пица за да се загрее добро. Тестото поделете го на 2 дела и обликувајте топчиња. Расукајте го тестото и одозгора ставете ги состојките, а потоа пицата ставете ја во тавче обложено со хартија за печење и печете.