Како децата ја доживуваат изолацијата поради коронавирусот? – Дестани: На специфичен начин родителите ја менаџираат состојбата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коронавирусот ја стави целата земја во изолација. А тоа најтешко им паѓа на децата, затоа прво нешто што треба да се направи е да им се објасни ситуацијата во која се наоѓаме.

„Пред да започнеме со активностите, треба секако на многу деликатен начин родителите да ја објаснат ситуацијата, не да лажат дека се е в ред, бидејќи децата ќе бараат причини за да излезат. Не треба да се прави ништо алармантно но треба да се направи нешто сериозно“, истакна Едлира Дестани.

Но какви активности треба да се преземат во овој период со цел на децата да не им биде здодевно? Дестани вели дека родителите треба да направат краткорочен план за активности на нивните деца во условите кои ги имаат, зависно од возраста и интелектот на детето.

„Потребни се повеќе мануелни активности, значи децата да можат да го прават тоа со раце. Малку е тешко бидејќи немаме пристап до местата каде што се продаваат тие предмети, како книги и други работи, но може на пример на хартија да цртаат, да бојат, да сечат со ножички, да се обидат родителите да измислат нешто“, додава Дестани.

Дестани вели дека родителите можат да побараат идеи за активности и н аинтернет.

Најголем проблем во овој период е изолацијата вели Дестани за децата со посебни потреби, бидејќи многу е тешко да им се објасни такво нешто. Дестани додаде дека нивното однесување во некои случаи, тешко може да се менаџира.

„На децата со посебни потреби не треба да им се наруши структурата на работа, доколку се работело со нив во училиште 4 часа, ќе треба да се менаџира активности од 4 часа. Доколку работеле со дефектолог или логопед ќе треба да се продолжи со активности прилагодени на тоа ниво каде што застанале“, посочува Дестани.

Министерот Филипче извести дека од утре Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје од 9 часот до 16 часот има воведено телефонска психолошка поддршка за пациентите на кои им е потребна таква поддршка. Психолошка поддршка за родителите на деца од школска и претшколска возраст ќе биде достапна на телефонскиот број 072 912 676.

error: Content is protected !!