Како е избрана компанија во руска сопственост за надзор на коридорот 8?! Рустеми: Владата е известена за сѐ

НАЈНОВИ ВЕСТИ


ЈП Државни патишта го поништи тендерот за кој биде реизбрана компанијата од Хрватска за надзор на изградбата на автопатот од коридорот 8. Процедурата е поништена и потпишаниот договор минатата недела е неважечки откако добитникот на тендерот не дал банкарска гаранција во вредност од 2.6 милиони евра.

По ова е откриено дека хрватската компанија ИГХ е всушност со руска сопственост.

Тоа го откри првиот вицепремиер на Владата Артан Груби во Клик Плус на ТВ21.

Груби: Кога проверивме, излезе дека хрватската компанија е во руска сопственост и во управниот одбор исто така има Руси кои се поврзани со државата.
ТВ21: Кој згрешил тука?
Груби: Никој нема згрешено, ви давам ексклузивна информација. Сите средства оваа компанија ги имала во руска банка.

Но директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми рече дека неговото раководство ја известило Владата за се и дека комисијата ја избрала компанијата. Тој рече дека тоа било изненадување бидејќи компанијата доаѓа од држава членка на ЕУ.

-Ние секојдневно имаме процедури за избор на разни компании. Немаме некоја листа од страна на релевантните владини институции да не се избираат такви компании кои имаат одредени руски влијанија и врз законска основа ние немаме некоја одлука од Владата за избор на одредена компанија, да имаме таква одлука, да избереме или да не избереме. Работниците на ЈПДП немаат одредени информации за да прашаат која е компанијата, кој е нејзиниот сопственик-рече Рустеми.

Груби во Клик Плус рече дека добро е што е откриено ова, бидејќи, како што рече, ова можело да биде некое сценарио за минирање на коридорот 8 и американската компанија Бехтел и Енка за да успее во спроведувањето на овој проект.