Ова е 12-катница на улицата Христијан Тодоровски Карпош во населбата Бутел во Скопје.
За ова и за другите често имаше реакции, а за некои дури и протести од жителите кои стравуваат дека не само што им се задскрива сонцето, туку им се окупира и паркинг просторот. Објект има само 1 кат подземен паркинг, но инвеститорот уверува дека нема да има проблем со паркирањето.
Објектот е на простор од околу 3000 квадратни метри.
Жителите од ова населба стравуваат дека Бутел од урбана населба ќе се претвори во урбан хаос. Го прашавме актуелниот градоначалник на општината Дарко Костовски, кого два дена го баравме телефонски, но денеска го сретнавме на настан.
Костовски додава дека се залага сето она што се случувало во изминатиот мандат да не се случува во иднина, бидејќи, како што рече, на општина Бутели не и требаат згради, туку мирен живот.
Пред извесно време во Бутел имаше и протести на жителите за други градби во оваа населба, кои се пожалија дека сончевата светлина ја блокираат бројните и високи градби.
