
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача каква е позицијата и ставот на новата Влада кон Украина.
„Знаете дека горе доле многу донации се дадени, ние сме петта земја од сите овие земји членки по донации тука и навистина за мала земја тоа е голем успех. И претходната Влада тоа го правела за помош на Украина и јас тоа го поздравувам апсолутно. Независно дали претходната, дали сега оваа влада, тоа мора да продолжи бидејќи, се разбира, треба да им помогнеме во овие тешки времиња на Украина“, вели Мисајловски.
Тој додава дека има и дополнителни барања, но ќе се разгледуваат на Влада.
Во продолжение целата изјава:
