Каква е состојбата во СДСМ? Одговара Спасовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори каква е моменталната состојба во СДСМ.

Тој порача дека ќе имаат конгрес на 24 ноември.

„Тоа е нормална процедура во рамките на партијата, притоа ќе продолжи 29-тиот конгрес на кој ќе се разговара за изборниот резултат, анализите и.т.н. И ќе се оддржи 30-тиот конгрес на кој што практично треба да бидат избрани нови органи на партијата“, вели Спасовски.

Според Спасовски, има повеќе причини за изборниот пораз, а истото ќе се увиди на 29 Конгрес.

Спасовски додаде дека исто така партијата работи на терен.

„Новата задача на раководството ќе биде новата енергија, нова надеж, нов концепт преку кој ќе пристапат кон членовите, ќе треба многу напорна работа во рамките на партијата помеѓу членовите за обединување и хомогенизација на структурите затоа што ние не можеме да мижиме пред фактор дека постојат одредени прашања за кои што сметаме дека треба на многу посоодветен начин да ги третираме“, вели Спасовски.