Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска соопшти дека ЕУ вовела нови рестриктивни мерки против ирански судии поради наводно кршење на човековите права.
Калас изјавила дека е санкционирано и едно од водечките лица на сајбер група за која тврди дека му овозможила на режимот репресија врз информациите, пренесува Ројтерс.
„Додека Техеран ја засилува внатрешната репресија, ЕУ ќе продолжи да бара одговорност од сите оние кои се одговорни за тоа“, напишала Калас на платформата „Икс“ (X).
