Рускиот претседател Владимир Путин и руските власти се одговорни за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред една година, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.
„Навални го даде својот живот за слободна и демократска Русија“, додаде таа во соопштението и така ја повика Москва „веднаш и безусловно да ги ослободи адвокатите на Алексеј Навални и сите политички затвореници“.
Вдовицата на Навални, Јулија, од своја страна ги повика поддржувачите на Алексеј да ја продолжат борбата за „мирна и слободна Русија“.
