Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта во Сантијаго и околните области во Чиле, поради што повеќе од 1.000 луѓе биле евакуирани, а најмалку шест лица се повредени, соопштија денеска властите.
Претседателот на Чиле, Хозе Антонио Каст, прогласи вонредна состојба во Лас Кондес, источно предградие на Сантијаго, откако поројните дождови ги направија главните патишта непроодни.
Во оваа област во изминатите денови наврнале 14,4 сантиметри дожд, што е околу девет пати повеќе од просечната количина врнежи за октомври, изјави градоначалничката на Сантијаго, Каталина Сан Мартин.
