„Календарската и ментална возраст не секогаш се поклопува кај децата“ – кои елементи треба да ги препознае наставникот кај секој ученик?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорката Лена Дамовска во вечерашното дебатно издание „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека календарската и менталната возраст не секогаш се поклопува кај децата.

„Кога давате слобода во исто време и очекувате одговорност, а таа се однесува на адекватната проценка на индивидуалните особености на сите деца, без исклучок, на развојните карактеристики на децата заради индивидуалната, мислам календарска и ментална возраст не секогаш се поклопуваат, па имате деца на различна возраст со различни перформанси и начини на коишто покажуваат резултати во однос на сите домени на развој и она што е исто важно, почитување на животниот кондекс на секое дете, на крајот секое дете доаѓа од различна социјална и културна средина и тоа мора да се почитува“, вели Дамовска.

Посочува дека овие три елементи мора да ги процени еден добар наставник.

„Да има елементарни познавања од развојна психологија, методика и се разбира педагогија“, додава Дамовска.