Калифорнија: Необичен судир меѓу авион и автомобил (видео)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необичен судир меѓу автомобил и авион се случил на автопатот во близина на аеродромот Ливермор во Калифорнија.

Пистата на аеродромот во Ливермор е паралелна со автопатот на кој инцидентот се случил и се наоѓа на само неколку стотини метри од него.

Во инцидентот никој не бил повреден, а судирот се случил кога пилотот на малиот авион принудно слетал, пренесуваат локалните медиуми од Сан Франциско.

Како што изјавил пилотот, веднаш по полетувањето, авионот изгубил сила. Успеал да се подигне на висина од околу 150 метри, но потоа почнал да паѓа.

Според него, единствена шанса му била да се обиде да слета на прометниот автопат.

За време на слетувањето, се судрил со автомобил, оштетувањата на двете возила се поголеми, но никој не настрадал.