Kalimera! Колку чини еден ден ова лето во Грција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од почетокот на годината слушаме како годинава се зголемуваат цените во Грција и како се поскапува летувањето таму. Но дали е ова така?

Проверката покажа дека во северниот дел на Грција, Кавала и на островот Тасос, нема значително зголемување на цената на храната и пијалоците. Некои работи се со малку повисоки цени, но во никој случај не е нешто драстично. Истото важи и за патарините за автопат. Нивните цени се околу 2-3 евра, во зависност од тоа кој дел од автопатот го користите. Цената за автомобил со четиричлено семејство за траект до Тасос е 35 евра во еден правец. На секои половина час има траект од Керамоти до Тасос.

Цени во ресторани

Цената на едно еспресо кафе е 2 евра или 120 денари. Фрапето е од 3 до 4 евра во зависност од објектот. Капучино е во истиот опсег. Цените се сосема исти како лани во ова време.

Кока-Кола производи од 250 мл. чинат 2,50 евра. Цената на ладен чај е иста. Свежo цедените чинат околу 4 евра. Пивото чини околу 3-4 евра.

Грчката салата чини околу 8-9 евра. Порција гиро чини околу 10 евра. Солидна порција мусака чини околу 10-11 евра. Пржените лигњи чини околу 12 евра, а октопод на скара околу 16-17 евра. Можете да јадете плескавици за околу 12 евра.

Алкохолните коктели во баровите на плажа се од 7 до 10 евра во зависност од плажата и коктелот.

Цените во продавниците на многу од производите се како оние во Македонија, а нешто ќе најдете и поевтино.