Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%.
Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на енергија и деловни простории за сопствена потреба. Рочноста е до три години грејс период и до 15 години отплата. Секоја компанија може да аплицира во било која банка, па откако ќе се одобри кеедитот, Развојната банка ќе ги префрли парите. Компаниите ќе треба да имаат 20% учество со сопствени средства, со што инвестицискиот бран на стопанството би бил 300 милиони евра, изјави премиерот Хриситијан Мицкоски, додавајќи дека средствата ќе бидат достапни од утре.
Инаку, како што објави ТВ21, 2% камата на овие кредити е прифатливо за стопанството. Овие 2% се драстично намалување на првично разгледуваната камата од 2,7% која беше во игра до петокот.
Каматата од 2% што ќе ја плаќаат фирмите ќе ја задежат банките, како осигурување од ризик и како провизија, заработка, а ќе бидат обврзани да и вратат само 250 милиони евра како главница од кредитот. Оваа главница, плус камата од 3,25% државата ќе треба да врати на Унгарија во наредните 15 години.