Кандидатот на СДСМ, Сашко Николов доколку победи на изборите во Штип ќе обезбеди заштитни маски за сите граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 се вклучи во живо од пред штабот на СДСМ во Штип каде се обрати и кандидатот за градоначалник и доктор Сашко Николов.

Тој најпрво ги повика сите оние кои ги бојкотирале изборите да дојдат и да понудат помош со цел да ја направат оваа општина како што треба.

„Штип е град на сите штипјани и тоа така ќе остане, кој од која политичка партија е тоа не не интересира, важно е дека СДСМ ќе го води Штип напредните 10 месеци и уште 4 години“, порача Николов.

Тој додаде дека како прва работа која ќе ја направи како градоначалник на Штип е тоа да формира фонд со цел секој граѓанин да добие заштитна маска по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.