Раперот и бизнисмен Канје Вест (43) ја зголеми вредноста на своето богатство на 6,6 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми.
Според најновите информации, Канје стана најбогатиот Афро-Американец на светот, и материјално ги надмина Опра и нејзините 3,5 милијарди долари, Мајкл Џордан со 2,2 милијарди долари и Роберт Џејмс Смит кој поседува 6,5 милијарди долари.
Минатата година во ова време, раперот ја проби магичната граница од милијарда долари, за неодамна да ја зголеми на многу повисоко ниво.
Големите деловни потези што ги направи со неговиот бренд „Yeezy“ во последните години имаат најголемо влијание врз растот на неговото богатство.
Неодамнешниот договор на „Yeezy“ со Гап и Адидас ја зголеми вредноста на богатството за 4,7 милијарди долари. Бидејќи Кање е единствен сопственик, таа сума се додава на неговата нето вредност од 1,9 милијарди долари.
По распадот на бракот со Ким Кардашијан, раперот сериозно се посвети на бројните бизниси.
