Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција.
Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски за дуелите со Босна и Херцеговина на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул.
Предводникот на нашиот национален тим нема да испраќа дополнителен повик после откажувањето на играчот од средниот ред.
