Кога новинарите го прашаа министерот за здравство за идејата на опозицијата за формирање нова комисија за заразни болести која би се занимавала само со пандемијата, тој кој беше најпогоден беше претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.
Секој професионалец кој не верува во работата на комисијата, Караџовски го покани да даде свое професионално мислење.
И покрај овие зборови, попладнево опозицијата ја покрена иницијативата за која размислува. ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата АА-ААА и Левица, во рамки на измените и дополнувањата на законот за заштита на населението од заразни болести, бараат да се формира специјална комисија која ќе се занимава само со пандемијата.
Идејата на опозицијата е оваа комисија да се избере во Собрание, со прелог на Владата, а за нејзината работа да одговара пред Собранието, со што би се зголемила одговорноста од преземените постапки, вели пратеникот на коалицијата “Сега е време“, Сурија Рашиди.
„Ова се прави со намера да се зголеми нивото на одговорност на комисијата во давањето проценки и препораки, независно што ние имаме големи забелешки за тоа досегашната комисија ги даваше препораките и забелешките за надминување на ситуацијата, честопати дури и со тенденција за политизирање на ситуацијата. Една таква комисија би имала поголема одговорност и ќе одговара пред Собранието“, посочи Сурија Рашиди.
За оваа иницијатива како Мицевски така и Рашиди очекуваат поддршка од парламентарното мнозинство. Министерот за здравство, Филипче немаше директен одговор дали се согласува со оваа идеја, туку рече дека актуелната комисија секогаш била транспарентна.
