Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести, за ТВ21 рече дека лично не е задоволен од тоа како се казнуваат граѓаните кои не ги почитуваат мерките во последните пет месеци. Тој смета дека треба да бидат казнувани сите, и оние кои учевствуваат во маршеви, протести…
„Лично не сум задоволен како се казнуваат граѓаните во последните пет месеци. Не може некој да учевствува во маршеви, а да не се спроведува казнување, затоа што се праќа лоша порака. Ако никој не казнува, и народот си вели дека може да прави што сака“, рече Караџовски.
