Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во гостување на телевизија Канал 5 посочи дека сѐ уште не е достигнат максимумот.
„Сѐ уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, починати и болнички кревети“, вели Караџовски.
Тој истакна дека засега проценките на Комисијата се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо нема да се постигне.
Караџовски додава дека за тоа пример се соседните држави кои вовеле карантин, но бројот на заразени не се намалил.
