Каракачанов разрешен – ВМРО-БНД ќе има тројца лидери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Софија денеска се одржа вонреден конгрес на ВМРО – Бугарското национално движење.

Вонредниот конгрес беше одржан поради изборните резултати на ВМРО на парламентарните и претседателските избори во Бугарија, што се одржаа на 14 ноември, кога освои малку повеже од еден процент од гласовите.

Со 303 гласа „за“, без „против“ и воздржани беше разрешен Красимир Каракачанов и беа избрани тројца копретседатели Ангел Џамбазки, Искрен Веселинов и Александар Сиди. Каракачанов откако 25 години ја водеше партијата прогласен е за почесен претседател на ВМРО.