Во денешното емитување на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Ѓорѓи Kаракашев од националната мрежа на земјоделци изјави дека „кај нас се е оставено на милост и немилост, се е оставено на слободниот пазар и затоа ги имаме овие проблеми“.
-Ние немаме законски регулативи кои ќе регулираат. Се е оставено на милост и немилост, се е оставено на слободниот пазар и затоа ги имаме овие проблеми. Еве ќе ви кажам само за една споредба во Бугарија значи според законот таму е дефинирана производна цена на одредени производи и е додадена како заштитна цена 50% на производна цена. Што значи секој производ што ќе биде откупен од било кој земјоделец е заштитен со заштитна цена од минимум 50% производна цена, вели Каракашев во „Бизнис 21“.
