Касами: Беса ќе се реорганизира, се уште разговараме за директорските места и собраниските комисии

НАШ ПРЕДЛОГ

УО на Агенцијата ја разреши Лидија Димова од директорка

И официјално - Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и...

НОВ РЕКОРД, 934 позитивни на коронавирус – еве го целиот извештај!

Нов црн рекорд во Македонија со бројот на заразени од коронавирус. Дури 934 позитивни случаи од вкупниот...

Караташ од Измир за ТВ21: 15 секунди се тресеше сѐ, кај народот има паника и страв

Хјусеин Караташ кој живее во Измир, за ТВ21 раскажува за денешниот земојтрес во Турција.

Претседателот на БЕСА Билал Касами денеска на прес-конференција најави реорганизација на партиските органи на сите нивоа и конгрес на партијата наредната година. Касами не сакаше да каже за кои директорски места преговара Беса и на која собраниска комисија претседател ќе биде пратеник од оваа партија на мнозинството. Тоа, според него, ќе се знае следната недела.

Централното претседателство на партијата на денешната седница, како што кажа тој, одлучило партијата да се реорганизира и оти за таа цел ќе бидат формирани експертски групи кои ќе работат на статутарни промени и осовременување на партијата.

-Откако ќе бидат формализирани сите назначувања на вториот и третиот ешалон во извршната власт под мое раководство како претседател на партијата ќе одржиме еднодневна конференција за транспаретност и декриминализација и ќе се обврземе за транспаретен, инклузивен пристап и бескомпромисна војна со корупцијата и криминалот. Ќе докажеме дека функционерите на движењето Беса ќе бидат пример за владеење за граѓаните и со граѓаните, рече Касами.

На прес-конференцијата тој не сакаше да открие за кои директорски места Беса преговара, посочувајќи дека тоа најверојатно ќе се знае следната недела. Во однос на собраниските комисии, кажа дека се партиите, вклучувајќи ја и опозицијата се уште се договараат во врска со тоа каде ќе имаат претседател на комисија.

-Не би сакал да кажам дека тоа е проблем но сигурно дека секоја од партиите сака да придонесе во комисии во кои најмногу ќе придонесе за граѓаните, рече Касами додавајќи дека пратеничките групи во Собранието се уште разговараат за тоа кој ќе ги предводи комисиите.

Болницата 8-ми септември повторно ќе биде Ковид центар

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во интервју за Канал 5 најави дека болницата 8-ми септември повторно ќе биде претворена...

Едногодишно дете од Неготино позитивно на коронавирус – во изолација седум деца и тројца вработени во градинката

Едногодишно дете од Неготино е позитивно на Ковид-19, а во изолација се седум деца и тројца вработени во градинка, потврди за МИА...

Грција ѝ понуди помош на Турција по силниот земјотрес

Подготвеноста на Грција да испрати спасувачки тимови во Турција, ја изразил шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во телефонскиот разговор со неговиот...

Мицкоски: Да се овозможи бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик да заболат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека Владата и Министерството за здравство треба да овозможат и организираат бесплатно...

Синот на Амди Бајрам негативен на коронавирус

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден го објави својот наод од тестот за...