Лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21.
Со Касами се дебатира на различни теми, а една од нив е и средбата со Албин Курти. Касами вели дека Курти 10 години се интересира за Албанците во Македонија.
„Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае на политиката на албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина.“, рече Касами.
