Лидерот на Беса и новоизбран градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами, гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Касами истакна дека оваа Влада има мандат и треба да продолжи, а додава и дека приоритет е интеграцијата во Европската Унија.
„Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да каже јавно дека ќе даде оставка. Ќе се сретнам со него и ќе разговараме“, посочи Касами.
Тој додава дека како претседатели на партиите во коалиција пред, што и да претендираат, треба да се консултираат меѓусебе.