Касами: Подготвен сум да коалицирам со СДСМ – Заев: Отворен сум за албанските партии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изборните листи кои се појавија како договор за тројна коалиција Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движење Беса, според лидерот на Беса, Биљал Касами, не вреди да се наречат ниту понуда. Во емисијата „Клик Плус“, Касами рече дека поради несериозноста на Алијанса за Албанците, одлучил да не коалицира и на избори да настапи сама. Иако ја одби тројната коалиција, Касами открива дека е отворен да каолицира со СДСМ.

-Ќе дојде моментот, ако има добра понуда, ќе ја разгледаме во органските партии и ќе одлучиме.

Новинар: Согласно која основа ќе одлучите?

-Согласно понудата. Ако има некоја понуда која се совпаѓа со платформата и програмата на Движењето Беса, и ако е прифатлива за органите на Беса.

Н: Јас Ве прашав трипати каква понуда би прифатиле?

За коалиција со АА рече дека немате потреба од понуда, додека за СДСМ велиш – ако има понуда…

-Не е понуда поделба на позициите на пратеничките листи.

Отворен за коалиција не само со Беса, туку со сите албански партии е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Како што вели, сега за сега се во коалиција со ДУИ, која ќе продолжи до распуштањето на Собранието.

Досега договор за предизборна за коалиција постигнаа само Алијанса за Албанците и Алтернатива, а освен Беса, сами на избори ќе одат и ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Ниту една партија не ја исклучува можноста за коалиција по изборите на 12-ти април.