Касими: ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени Уставот тогаш кога ЕУ ќе даде јасен план за евроинтеграциите на земјава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во денешното гостување на ТВ21 во емисијата Клик Плус, Билал Касами вели ние сеуште немаме јасен план од страна на ЕУ што се однесува на интеграцијата на земјите од регионот и Северна Македонија.

Касами е убеден дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега за сега тој не го гледа.

Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ.