Вечерва во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 гостуваат независниот пратеник Кастриот Реџепи, Амир Елези од Алтернатива, Вјолца Адеми од ДУИ, и политичкиот аналитичар Сефер Селими.
Темата на дебатата е проширување на владината коалиција, уставните измени…
Кастриот Реџепи кој не се појави на собраниската седница кога требаше да се соберат 61 пратеник за рушење на оваа Влада и практично ја спаси сегашната коалиција, сега вели дека не гледа причина зошто Алијанса за Албанците да биде дел од Владата.
„Нема логика. Да не испадне сакајќи да го зголемиме мнозинството, да го изгубиме сегашното мнозинство. Затоа што не знам и не сум сигурен како ќе гласаат другите пратеници од мнозинството“, вели Реџепи.
Тој вели дека не е оптимист дека може да се соберат потребните 80 пратеници за гласање на уставните измени.
