Трошоците за организацијата на претстојниот Мундијал во Катар ќе бидат највисоки во историјата.
Како што пресметале новинарите на финансискиот магазин CNBC, организаторите потрошиле 220 милиони долари за изградба на стадионот и инфраструктурата во Катар. За споредба, организацијата на последното Светско првенство во Русија пред четири години чинеше околу 20 пати помалку. Светското првенство во Бразил во 2014 година е на второто место по трошоци.
Катар има нешто помалку од три милиони жители, а целото Светско првенство ќе се одржи во главниот град Доха и неговата околина. Секако, огромните трошоци на организацијата треба да се препишат на тоа што Катар нема апсолутно никаква фудбалска традиција.
Поразително е, според бројни странски медиуми, што и покрај огромните трошоци на организацијата, не биле обезбедени основните услови за работа на бројните странци кои дошле во Катар да градат стадиони. Според истрагата на „Гардијан“, животот го загубиле повеќе од шест илјади работници. Светското првенство започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.
Qatar World Cup 2022 Cost! #Qatar2022 #Qatar #QatarWorldCup2022 pic.twitter.com/Rkj0qi7VQA
— Aijaz 🇺🇸 (@TheAijazHussain) October 26, 2022
