Кацарска за ТВ21: Со оваа негативна кампања ВМРО-ДПМНЕ си прави само штета врз партијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судијката Добрила Кацарска која исто така се најде на еден од последно објавените изборни спотови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ21 вели дека ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја споменуваат во кампања.

„Со ваквата негативна кампања сметам дека прават повеќе штета на својата партија. Партиите добиваат државни пари, за да ја рекалмираат својата кампања и своите кандидати“, изјави Добрила Кацарска за ТВ21.

Кацарска додава дека со ова, партијата ги злоупотребува парите на даночните обврзници.

Во изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа и обвинителката Вилма Рускоска која за ТВ21 вели дека веќе поднела и опомена пред тужба до партијата.

https://mk.tv21.tv/ruskoska-za-tv21-isprativ-opomena-pred-tuzhba-do-vmro-dpmne/