„Ќе барам одговорност ако некој направил пропуст во целата постапка“, рече Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев денеска на прес-конференција рече дека ќе бара одговорност доколку некој направил пропуст во постапката со Мијалков.

Најави истрага која што ќе покаже дали имало пропуст.

„Јас реков дека ќе барам одговорност доколку некој направил пропуст во целата постапка. Затоа истрагата ќе покаже дали имало одговорност. Но, ако имало пропуст, треба да покаже истрагата“, рече Заев.

„Она што да кажам и да коментирам е дека системот ќе функционира кога сите професионално ќе се посветиме. Тука ќе има одговорност, и не ме интересира дали ќе има среќен крај. И ќе истражиме. Само така ќе има доверба системот“, вели премиерот.