Ќе има ли нова лидерска средба? – Распуштање на Собранието или нова политичка криза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  е убеден дека ќе има избори на 12 април. Според него, доколку Собранието не се распушти до недела, земјава ќе влезе во политичка криза.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев верува дека до 16 февруари ќе се изгласаат законите за ЈО, одбрана и измените во Изборниот законик, а потоа ќе се распушти Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред неколку дена на седницата која започна во доцните вечерни часови за дискусија за законот за ЈО, поради преписки меѓу пратениците, предложи да се одржи лидерска средба за да се изјаснат јасно дали партиите се одлучни земјава да оди на избори на 12 април.

„Додека добијам порака дека има можност да се формира ново мнозинство, што ќе биде најважно, јас јавно ги повикувам лидерите, доколку сериозно мислат дека има потреба да се формира ново мнозинство, на следната јавна средба, на моја покана, во текот на утрешниот ден да одржиме лидерска средба според Пржинскиот договор и претходниот договор за предвремени парламентарни избори“, истакна Талат Џафери.

До сега се уште нема никаква иницијатива за организирање лидерска средба.